Безбедна училишна средина

Денеска учениците од ученичкиот парламент учествуваа во уште една работилница од проектот” Промоција на Безбедна училишна средина “. Проектот се спроведува од Коалиција на младинска организацијата СЕГА, Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi,@Smart up,@Macedonian civic education centre и детско село Pestalozzi од Швајцарија.

Работилницата беше со наслов” Истражување”.Целта на работилницата беше да учениците да ги изразат своите идеи и желби какво училиште би сакале да имаат во иднината 🏫 . Благодарение на нашиот локален ментор Aleksandra Pavlovska која на професионален начин ги охрабри учениците да бидат искрени и креативни ,слободно да ги пренесат замислите и идеите.

Учениците работеа во групи и преку постери, цртежи и кратки текстови ги претставија своите идеи за училиште од соништата.Учениците беа навистина креативни,се надевам дека нивните замисли нема да останат само на хартија♥️ Благодарам на сите за разбирање, соработка и поддршка!!!