Отворете ги прозорците одржа завршна конференција „Инклузија во движење: Чекори кон промена“ во склоп на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, поддржан од Детската Фондација Песталоци.

Денес ,Здружението за асистивна технологија,,Отворете ги прозорците одржа завршна конференција „Инклузија во движење: Чекори кон промена“ во склоп на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, поддржан од Детската Фондација Песталоци.Конференцијата е заокружување на тригодишните активности, предизвици и постигнувања во рамки на втората фаза од проектот. На конференцијата се дискутираше за досегашните постигнувања, промени, но и предизвиците на национално, локално и академско ниво, во областа инклузивно образование. Тимот кој го водеше проектот “Инклузија на деца со ПОП”, во текот на тригодишниот период, на денешната конференција, додели благодарници на сите учесници, кои беа вклучени во процесот на работа, во знак на нивната посветеност и вложениот труд.