Одбележување на Неделата на старите лица

Одбележување на Неделата на старите лица

Денес, по повод Неделата на старите лица, учениците од нашата одделенска заедница на IV-5 СОКОЛАНА остварија топла и значајна посета кај една наша драга пензионирана учителка Стојанка Трајковска .Посетата беше исполнета со убави моменти, спомени и искрени детски насмевки. Децата беа срдечно пречекани и угостени, а средбата беше вистинска лекција за почит, благодарност и човечност.Вистинско уживање беше разгледување на нејзината библиотека.