-Недела на грижа на стари лица- Ученици од петто одд. при ООУ „Браќа Миладиновци“ се вклучија во одбележување на Недела на грижа на стари лица под мото „Сите сме Ваши деца“ со посета на Домот за стари лица „Зафир Сајто“- Куманово. Целта на посетата е да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, потреба од наша грижа и помош. Голема благодарност до директорот, психологот и до сите вработени за укажаната чест да бидеме дел од нивните секојдневни активности. Времето поминато во домот го исполнивме со дружење, разговори и заеднички игри со старите лица. Денешниот ден беше исполнет со многу радост, топлина, љубов, емпатија… Чувството на топлина и емоции пренесени од учениците го направија овој момент уште поспецијален. Им благодариме за прекрасно поминатото време.