СООПШТЕНИЕ

ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ КУМАНОВО ЗАПОЧНУВА СО УПИС НА ПРВАЧИЊА ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА.

Се запишуваат:

– деца родени од 01.I 2017 до 31.XII 2017 година,

со можност на запишување :

– деца родени од 01- 31.I 2018 год.

Согласно законските одредби, уписот ќе се врши во месец мај 2023 година, од 08:00 до 18:00 часот во период од 02.V до 31.V 2023 година во просторијата на педагог-психолог.

Потребни документи за упис:

➢ Копија од извод на родени на детето (без оглед на датум на издавање и без нотарска заверка)

➢ Потврда за примени вакцини од надлежна установа

➢ Потврда од стоматолог (од школска амбуланта или од матичен стоматолог на детето)

➢ Потврда од офтамолог (со упат од матичен лекар се оди на очен лекар)

➢ Документ за идентификација на родителот/старателот (лична карта, пасош)

Присуството на детето е задолжително во придружба на еден родител.

Ви благодариме на довербата!

ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“