Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ и ООУ „БАЈРАМ ШАБАНИ“
Активности 2013/14 – 2016/17

  • Проектот траеше четири последователни учебни години.Беа креирани мешани секции од двете училишта кои работеа на неколку универзални теми:
  • „Вода – суштината на животот”;
  • „Традиција и обичаи”;
  • „Англискиот јазик во светот” и
  • „Да твориме заедно”

Преку фудбал, кошарка, одбојка и атлетика беше застапен и спортот. Учениците остварија заеднички излети,екскурзии и настава во природа при што целта беше поголемо меѓусебно дружење, истражување, позитивен однос кон националните, културните и естетските вредности, градење чувства на толеранција и соживот, социјализација, колективизација и осамостојување.

Во овие активности беа вклучени и родителите, а наставниците разменуваа искуства, наставни материјали и одржуваа интегрирани часови.

Сите активности беа спроведени преку мултикултурни работилници при што како главни продукти беа: приредба, изложба, изработки и мултикултурен речник.