Во нашето училиште континуирано се врши дообука на наставниците за работа со ученици со посебни образовни потреби. За таа намена од страна на м-р Милена Илиќ Пешиќ –стручен соработник дефектолог, беше оддржана презентација за целта и начинот на изготвување на ИОП (индивидуален образовен план) за учениците со посебни образовни потреби (ПОП).
Процесот на едукација на сите ученици во редовни паралелки, заедно со нивните генерациски исти соученици, без разлика на нивните индивидуални разлики ,со едно име се нарекува инклузија.
Индивидуалните образовни планови (ИОП) им помагаат на наставниците во процесот на планирање, во консултации со родителите, со цел да ја обезбедат структурата на планирањето и оценувањето на учениците со ПОП.