Дел од учениците од седмо и осмо одделение заедно со учениците од посебни паралелки остварија дружба низ заеднички ,, Игри без граници,, .
Многу насмеани лица, гушкања и радости и премногу топли емоции. Благодариме што ни дозволивте да се дружиме со вас и предпразнично што ни го направивте денот за паметење. До некоја следна убава средба која со нетрпение ја исчекуваме.
Проектот е во организација и со поддршка од Коалиција на младински организации СЕГА (Coalition of youth organizations SEGA), во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓански образование(МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC), Првата Детска Амбасада во светот “МЕЃАШИ” (Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi) и СМАРТ АП -Лабораторија за социјални иновации (SmartUp Social).