Безбедна училишна средина

Голема благодарност до https://www.facebook.com/dom.zafirsajto?mibextid=ZbWKwL Дом за стари лица ,,Зафир Сајто,, што ни овозможија денеска со нашите ученици и вработени да оствариме посета.

Во прекрасна атмосвера каде учениците имаа рецитаторска изведба со тематика Велигден, поделивме шарени велигденски јајца и колачиња, но воедно почувствувавме многу силни емоции споделувајќи љубов и внимание кон старите лица кои се штитеници на домот.

Им посакавме добро здравје и долг живот, среќни празници и ветивме дека ќе дојдеме повторно да се дружиме.

Проектот е во организација и со поддршка од Коалиција на младински организации СЕГА (Coalition of youth organizations SEGA), во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓански образование(МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC), Првата Детска Амбасада во светот “МЕЃАШИ” (Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi) и СМАРТ АП -Лабораторија за социјални иновации (SmartUp Social).

#Безбеднаучилишнасредина